Медиасет.мк

#ОХРИД

(ВИДЕО) Георгиески: Периодот што сега го добиваме е многу подобар од тој во Баку – одговорно тврдам и ви гарантирам дека сите задолженија ние ќе ги завршиме


„Препораките кои што ги имавме во 2017 година и кои беа на сесија во Баку 2019 год, ние имавме задолженија да ги завршиме до јуни 2020 година. Но, реактивната мисија дојде само после шест месеци и извештајот кој беше сега на разгледување на сесија не ги содржеше сите напредоци. Сега периодот што го добиваме и одлуката која сега ја донесе комитетот за светско, природно и културно наследство на УНЕСКО е многу подобра него таа во Баку, затоа што сега имаме цели две години да работиме посветено, храбро и одлучно и да ги спроведеме препораките“, истакна градоначалникот Константин Георгиески, одговарајќи на новинарски прашања на тема УНЕСКО.

„Јас одговорно ви тврдам и ви гарантирам дека сите задолженија кои се во надлежност на Општина Охрид ние ќе ги завршиме како и до сега и во однос на исполнувањето на препораките ќе треба исто така и надлежностите кои се под министерство за култура, транспорт и врски исто така да ги исполнат. Мислам дека оваа одлука сега е еден значителен исчекор напред и Охрид е во далеку подобра состојба него во 2019 година со тој ултиматум кој што го имавме до јуни 2020 година“, категоричен е Георгиески.

Градоначалникот  вели дека и општината но и Владата со сите институции се цврсто решени да ги корегираат сите неправилности кои се како забелешка на УНЕСКО, се со цел Охрид да остане под закрило на оваа институција.

„Не е само старото градско јадро надлежност на транспорт и врски, а тоа ќе го извршува Агенција за просторно и урбанистичко планирање за тие 19 урбани блока во старото градско јадро, кое е едно од забелешките на УНЕСКО. Но тука се и поставување на нови траси за пругата према Лин, Албанија, нова траса за автопатот Ќафасан  – Требеништа, дислокацијата и решавањето на Буково … Инаку ние како општина имаме задача согласно новите препораки, согласно одлуката на комитетот од вчера да ги исчистиме сите објекти кои се за отстранување, да ги усогласиме барем 30% од детелните урбанистички планови во градот со планот за УНЕСКО, а се надевам дека до изборите и ГУП -от конечно ќе го донесиме. Наша друга надлежност е реажурирање на инвентарот на бесправните објекти и следна фаза по расчистување на крајбрежјето, најверојатно во 2023 година, да почнеме со расчистување на објектите кои се во Нацоналниот парк Галичица.

 

Трендинг

На почеток
error: