Видео на МИА направено за време на протестите против пресудите за „Монструм“ е апсолутен хит на социјалните мрежи. Имено, додека демонстрантите маваат по полицијата, фрлаат камња и разни предмети, чин што е за секаква осуда – повозрасен човек седи на клупа и витка тутун за цигара. Видеото наиде на позитивни коментари. Дел од корисниците на социјалните мрежи пишуваат: „Додека тие дивеат, него мува не го лази“.