ВИДЕО: Иџе возеше низ улиците на Скопје во чест на лекарите, полицијата, армијата

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, вчера возеше низ празните улици на Скопје во чест на хероите кои се на првите линии во борбата со корона вирусот.

Поранешниот двократен светски шампион возеше од Лисиче, преку Аеродром, Центар и Карпош.

„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се нашите херои во овој перод ,  со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“, порача Иџе.

Geplaatst door Igor Idze Stefanovski op Maandag 25 mei 2020

Geplaatst door Igor Idze Stefanovski op Maandag 25 mei 2020

Geplaatst door Igor Idze Stefanovski op Maandag 25 mei 2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *