Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Кинезите направија копија од Санторини, луѓето не можат да веруваат што гледаат

Кинезите кои немаат можност да патуваат во Санторини во Грција добија своја реплика на познатиот остров.

Кинескиот Санторини се наоѓа во југозападната провинција Јунан.

Одморалиштето „Дали, земјата на соништата“ е изградено на страната на планинскиот венец Кангшан со поглед на езерото, се издигнува на нивоа со бели апартмани и сини базени, со својата архитектура ги имитира тесните и кривулести улици на Санторини, кои изобилуваат со цвеќиња.

„Санторини од Али експрес“, како што беше наречен, се простира на површина од 370 хектари, а инвестицијата чинеше дури осум милијарди јуани.

Се покажа дека е добро, бидејќи туристите буквално го зазедоа ова место во последните неколку месеци, копијата на Санторини стана хит меѓу влијателите на социјалните мрежи, но младите парови кои сакаат совршени свадбени слики.

Трендинг

На почеток
error: