Медиасет
(Видео) Клекна и заплака: Јаков Јозиновиќ не можеше да поверува дека собра полна сала во Скопје
Скопје доби концерт – со преполна сала и врескање, кој кулминираше. Вака течеше концертот на младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ вo арената СЦ Јане Сандански најмногу ги пееше хрватските верзии од песните на Тоше за кои кажа дека ги слушал додека растел. Во еден момент, понесен од атмосферата, клекна на колена и ѝ се поклони.„Вие сте најдобрата публика досега. Не можам да поверувам што ми се случува“, рече Јозиновиќ.Емоциите кулминираа пред крајот, кога не издржа и заплака, додека публиката го бодреше со громогласен аплауз.Концертот го одбележаа и изведбите на хитови од Тоше Проески, меѓу кои и „Игри без граници“.„Жал ми е што имав само две години кога загина Тоше. Бев во Крушево пред да дојдам тука“, рече пејачот.Според мерењата што ги сподели, скопската публика достигнала над 120 децибели, што, како што рече, е „речиси како полетување на авион“.Јозиновиќ, кој веќе распродава концерти низ регионот, најави нов албум и дуети со регионални изведувачи, меѓу кои и македонски пејач, со што неговиот брз подем добива ново продолжение.