Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

(ВИДЕО) Лејди Гага отворено: Се откажав од себе, размислував за самоубиство бидејќи сум истрошена

Во интервју за Си-Би-Ес, поп-sвездата Лејди Гага зборуваше за своето ментално здравје, изјавувајќи дека хроничната депресија ја спречувало да го сними неодамна објавениот студиски албум „Хроматика“. Таа исто така изјави дека секој ден размислувала за самоубиство.

„Тотално се откажав од себе. Мразам да бидам славна. Се чувствувам истрошено и искористено. Не ја гледам поентата на мојот живот, освен што сум им потребна на родителите и сестра ми. За тоа размислував секој ден во последните две години, рече таа.

На прашањето дали некогаш помислува на самоубиство, поп-ѕвездата кратко одговори „Да“.

„Живеев во куќа каде што луѓето ме следеа секој ден како бебе. Тие беа загрижени дека навистина ќе се самоубијам. Во моментов наоѓам начини повторно да ја сакам жената што ја нареков Лејди Гага. Сепак, мразам што станав славна“, додаде таа.

Гага беше многу отворена и порано кога станува збор за менталното здравје.

Трендинг

На почеток
error: