#ФОКУС
ВИДЕО: Мајка си ги убила петте деца, па се фрлила под воз и преживеала
Германската полиција денеска наишла на сцената на едно од најужасните злосторства во поновата историја на земјата, кога во стан во градот Золинген ги пронашла телата на пет деца, убиени од сопствената мајка.
Децата имале меѓу една и осум години, соопшти полицијата, додавајќи дека единаесетгодишно дете, најверојатно уште едно братче на масакрираните деца, е најдено живо и здраво во станот.
Според пишувањето на германските медиуми, полицијата за нечуеното чедоморство наводно ја алармирала бабата на децата, која им кажала на локалните полицајци дека нејзината 27-годишна ќерка си ги убила петте деца и отишла во непознат правец со своето шесто дете.
„Билд“ пишува дека мајката подоцна се фрлила под воз во Диселдорф и дека со тешки повреди е префрлена во болница.
Портпаролот на полицијата во соседниот град Вупертал изјави дека телата се најдени во приватен дом во станбена зграда, без да изнесе повеќе информации за случајот.