#ФАЦИ
(ВИДЕО) Маркијан на Ребека ја запеа „Дали ме сакаш“ за Денот на лицата со ретки болести
На 28 февруари се одбележува Светскиот ден на лицата со ретки болести. Некогашната поп-пејачка Ребека на својот фејсбук-профил сподели видео од својот син Маркијан, кој е боледува од туберна склероза, како ја пее песната „Дали ме сакаш“ од Калиопи.
„Ден на ретките болести. Не можете ни да си замислите низ што сè поминуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. 75 % од лицата со ретка болест се деца“, напиша Ребека.
Ова видео има цел да ја поткрене свеста за ретките болести и кај луѓето и кај институциите.