ВИДЕО: Мечка провали во луксузен Мерцедес

Група Американци на излет во Северна Каролина биле во шок кога виделе мечка околу нивниот автомобил.

На видеото кое го снимиле се забележува како мечката ја отвара влезната врата од сребрениот Мерцедес.

Потоа едниот од нив, поранешен извидник, почнал да вреска, а другите му се придружиле, по што мечката избегала.

Подоцна, кога ги виделе нејзините траги на возилото, откриле дека мечката веќе провалила во автомобилот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *