Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) ММА борец му одржа лекција на човек кој влезе без маскаво јавен простор

Ширум светот се расте свеста за носење маска на лицето на места на кои се остварува близок контакт со други луѓе.

За тоа помогна и ѕвездата на „One FC“ организацијата која живее во Хонг Конг.

Пред неколку дена Камерунецот Алан Нгални кој е познат ММА борец, сними видео кое собра повеќе од 500.000 лајкови на „Инстаграм“ во кое на свој начин испрати порака за носење маска во јавниот превоз.

– Доколку не носите маска во јавен превоз, стојте подалеку. Со мене нема кавги – напиша борецот кој го нарекуваат Пантер, и постави видео на кое се гледа дека не му дозволува на човек без маска да седне покрај него во метро.

Во тоа прво го спречи така што ја испружи едната нога на седиштето, а потоа и другата, при што направи шпага.

https://www.instagram.com/p/CCsQBygDeak/?utm_source=ig_embed

На почеток
error: