Connect with us

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Српска музика и тртење задници во Аеродром

Видео од трговскиот центар Бисер во Аеродром е споделено на социјалните мрежи, а на него се гледаат куп млади лица кои се забавуваат играјќи на српска музика.

“1 септември. Еве кај ви се средношколците, мизерија”, пишува под видеото.

https://www.facebook.com/1309721200/posts/10218497248045024/?extid=z1LaYvLL4jKQIDeF

#ЏЕТ-СЕТ

Танчерка бара 20 милиони долари од Крис Браун – го обвини дека ја дрогирал и силувал


Неименувана жена го обвинува раперот Крис Браун дека ја дрогирал и силувал на јахта на Флорида во 2020 година, и бара отштета од 20 милиони долари од пејачот добитник на „Греми“.

Тужбата ја поднесе неидентификувана професионална танчерка и музичарка, која во правните документи е именувана под псевдоним „Џејн До“.

Нападот, наводно, се случил на јахта во декември 2020 година во Мајами, Флорида.

Во граѓанската тужба се наведува дека таа била поканета од Браун да се сретне со него на островот Стар, Флорида, во домот на раперот Шон Комбс. Кога пристигнала, се качила на јахта и ја прифатила понудата на Браун за пијалок додека разговарале за нејзината кариера.

По вториот пијалок, жената наеднаш почнала да се чувствува дезориентирана и физички нестабилна , се наведува во тужбата. Наводната жртва тврди дека Браун ја одвлекол во спалната соба, и ги соблекол бикините и имал секс со неа без нејзина согласност.

На својот Инстаграм-профил, Браун напиша: „Се надевам дека го препознавате овој шаблон. Секогаш кога објавувам музика или нов проект, „тие“ измислуваат приказни. Тој додаде емотикон сина капа, што се користи како сленг за лаги.

Медиуите потсетуваат дека пред една деценија Браун беше притворен откако брутално ја претепа пејачката Ријана. Инцидентот брзо стигна на насловните страници на светските медиуми, каде  беше објавена фотографија од нејзиното помодрено лице. На судењето, тој се изјасни за виновен за физички напад врз Ријана со која беше во врска во 2009 година.

Откако го призна делото, доби условна затворска казна, а минатата година повторно беше под истрага откако една жена го обвини за насилство.

Continue Reading

#ЏЕТ-СЕТ

Џенифер Лопез е подготвена за нов брак

Џенифер Лопез, која од април повтрно е во врска со своето поранешно момче Бен Афлек, за „Тудеј“ изјави дека сѐ уште верува во брак, иако е трипати разведена. Таа призна дека е и дека од секогаш била „романтична личност“.

– Сè уште верувам во среќен брак, до крајот на животот. Сигурна сум, 100 отсто!, вели пејачката-глумица.

Во претстојниот филм на Лопез „Омажи се за мене“ (Marry Me), таа глуми пејачка која многупати била омажена – слично како и во вистинскиот живот.

– Чувствувам дека сум човечко суштество, како и сите други. Имав подеми и падови, правев грешки и навистина сум горда на она што го постигнав во мојот живот и каква сум како личност – мајка, глумица!, вели таа.

Лопез се смири со Афлек откако се раздели со претходниот свршеник – поранешниот бејзбол-играч на „Јенките“, Алекс Родригез. Таа се омажи за својот прв сопруг – глумецот Ојани Ноа во 1997., а се разделија во 1998 година. Потоа таа се омажи за кореографот Крис Џад, и тоа траеше од 2001 до 2003 година. Следуваше бракот со нејзиниот колега, пејачот Марк Ентони во 2004., со кого ги има 13-годишните близнаци Ема и Макс, но се разведоа во 2014 година.

Лопез беше во врска и со раперот Шон „Диди“ Комбс од 1999 до 2001 година, како и со Каспер Смарт подоцна. Гласините говореа дека и Дрејк договорил неколку состаноци со убавицата, но се говори и дека таа „кратка афера“ веројатно била „маркетиншки трик“.

Continue Reading

#ЏЕТ-СЕТ

Кање Вест најави настап во Русија и средба со Путин

Познатиот рапер Кање Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со тамошни магнати. Оваа вест можеби и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид тоа дека тој своевремено се нарекуваше „млад Путин“.

Вест ќе пристигне во Москва подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин. Советникот на рускиот рапер – Амир Судан тврди дека тоа ќе му помогне на Емин да го изгради својот меѓународен углед, а договорите на Агаларов, наводно, се очекува да му донесат милијарди.

Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а и по тоа што постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на „кула Трамп“ во Москва, но тоа не се оствари. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има и други заеднички теми со раперот, особено околу религијата, како што се наведува.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: