Медиасет
(Видео) На првата средба татко ми сакаше да го провози дечко ми на ‘машки муабет’“ – Мелани Тарчуловска
Да се биде дете на познати родители не значи лесен пат – напротив, често значи двојно повеќе докажување. Во емисијата „Нешто конкретно“, младите гости отворено проговорија за притисокот што го носи презимето, откривајќи лични приказни што ретко се слушаат во јавноста.Мелани Тарчуловска, ќерката на Јохан Тарчуловски и пејачката Соња, искрено призна дека како помала дури и криела дека пее – само за да избегне притисок и очекувања. „Не сакав никој да ме гледа низ призмата на тоа чие дете сум“, откри таа.Таа проговори и за емоциите од детството, признавајќи дека му била лута на својот татко што бил во Хаг, наместо дома – нешто што со текот на времето го разбрала поинаку.Во поопуштен тон, Мелани раскажа и ситуација која ја насмеа публиката – нејзиниот татко сакал подобро да го запознае нејзиниот дечко, па го однел насамо на возење за „машки муабети“.Слична искреност покажа и Нела Павловска, ќерката на Тања Кочовска и Предраг Павловски, која откри дека не ѝ било дозволено да студира глума, па од бунт заминувала од дома и престојувала кај баба ѝ.Во еден од најемотивните моменти, за што с егорди на воите родители-Нела истакна дека е особено горда на својот татко, кој никогаш не направил разлика меѓу неа и нејзиниот брат, иако не му е биолошки син. „Таа љубов е нешто што не се мери“, рече таа.Огнен откри дека неговиот пат не бил планиран – сакал да свири виолина како неговиот вујко Зоран Џорлев , но по повреда на раката морал да се откаже. Кларинетот не му одговарал, па сосема спонтано се пронашол во пеењето. Со насмевка додаде дека неговата мајка, Софче Џорлева, е многу пребирлива кога станува збор за снаа. Ако таа се прешува ни една не доволно добра за мене!Филип Нацоски, пак, признал дека иако има музички талент како неговиот брат Благој, сепак избрал поинаков пат и станал спортски новинар.Признав дека ми е криво што не сум музичар-додадеГостите се согласија во едно – најголемиот предизвик не е тоа што имаат познати родители, туку што постојано се соочуваат со предрасуди. „Никој не ти го признава талентот од прва – секогаш си таму поради презимето“,Но веруваат дека само ако доволно добро работат можат да бидат тоа што се- беше нивниот заеднички заклучок