Младиот фотограф Владимир Вељаноски стана хит на социјалните мрежи, откако направи видео кое го виде цел свет. Станува збор за тренд именуван како „What I mean when I say I live in“.. a Вељаноски го дополни со: „Охрид“. Видеото е споделувано на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, илјадници пати. Интересното е што сите фотографии кои се дел од снимката, се направени од охридскиот фотограф.