Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Јокиќ го промаши шутот за победа

Никола Јокиќ имаше шанса да му донесе победа на Денвер против Феникс во последните секунди од мечот, но тоа не се случи.

Феникс победи по продолжение (117:107), но Јокиќ имаше можност да го реши победникот на само 2,4 секунди.

Беше 102:102 и само уште четири секунди до крајот на натпреварот. Јокиќ доби топка на тројка, шутираше од лактот на рекетот, но го погоди само обрачот.

Се чинеше дека топката ќе влезе, сите очекуваа дека српскиот центар ќе биде прецизен, но за жал тоа не беше случај.

Јокиќ забележа учинок од 25 поени, 16 скока и пет асистенции, но сепак Кевин Дурент пресуди и му донесе победа на Феникс.

Како изгледаше победничкиот удар можете да погледнете во видеото под текстот.

Трендинг

На почеток
error: