Медиасет.мк

#КИНО

ВИДЕО: Озлогласениот убиец на кученца Круела де Вил со нов трејлер и фотографии

Греми-наградите беа богати со настани од повеќе причини, но исто така го видоа и „Дизни“ со мало модно навестување на претстојната приказна за супернегативката Круела. Потоа, компанијата објави неколку фотографаии кои навестуваат раскошна костимографија на филмот – која всушност изгледа прилично зачудувачки.

Ема Стоун глуми озлогласен убиец на кученца, Круела де Вил, во филмот „Круела“, чие дејствие е поставен пред настаните од „101 далматинец“ во Лондон во 1970-тите. Панк рок револуцијата го достигнува својот врв, а на сцената доаѓа млада мафијашка по име Естела (Ема Стоун) решена да се прослави со своите дизајни.

Откако ќе се спријатели со двајца крадци и ќе изгради живот со нив на улиците во Лондон, нејзиниот талент за мода привлекува внимание на една бароница Вон Хелман – модна легенда која ја игра Ема Томпсон.

Еве го новиот трејлер за Дизниевата негативка, „Круела“.

На почеток
error: