“Излези момче право на тераса” ечеше на денешниот протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев.
Пред Министерството за надворешни работи пред присутните покрај лидерот, Христијан Мицкоски, свое обраќање имаше и долгогодишниот член на партијата Александар Пандов.
Тој почна да ја пее песната “Излези момче”, но згреши дел од неа, а тоа не помина незабележано.
На социјалните мрежи се пошегуваа на негова сметка, коментирајки дека овој пејач не го бидува.
Дајте друг пејач, овoј не го бидува. Умот му е на Халкидики, а не на Солунско поле 🙂 pic.twitter.com/FWZpibGJxB
— Seir MK (@Seir_mk) September 15, 2020