Кон средината на месец декември, на првиот канал од Македонската телевизија, започнува со емитување на петтата сезона од популарната македонска серија „Преспав“.
-Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами… и по некој турист. Нова сезона на „Преспав“ наскоро на МРТ1 –пишува на официјалната Фејсбук страница на Преспав.
