#ФАЦИ

ВИДЕО: Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ го „погали“ Заев по рака, откако претходно го критикуваше од говорница

Објавено на

Интересно видео од една од собраниските седници се споделува на социјалните мрежи, а на кое се гледаат повеќе пратеници од двете најголеми политички партии во земјава, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Вообичаено, сите мислат дека двете партии и нивните пратеници се жестоки ривали, не комуницираат, а народот често знае да се испокара меѓусебно поради нивните политики. Но, ова видео, го покажува и спротивното.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, инаку партнерка на режисерот Борис Дамовски, откако од говорницата му се спротистави на премиерот Зоран Заев и му рече „Кога споменувате образ, ние слушаме ѓон“, по седницата, отиде до него, го погали по раката, а откако тој не и обрна внимание, го почека и почна да говори со него.

Погледнете го видеото:

Трендинг

Exit mobile version