Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Рамбо Амадеус излезе од болница: Не се опуштајте, овој вирус е подмолен и опасен

Црногорскиот музичар и миленик на публиката во цела поранешна Југославија, Рамбо Амадеус, излезе од болница во Белград, каде пред една недела беше примен поради компликации предизвикани од инфекција со коронавирусот.

57-годишната музичка ѕвезда, чие вистинско име е Антоније Пушиќ, вели дека имал среќа што навреме се пријавил кај лекарите на Инфективната клиника, кои го ставиле на третман. Тој имаше најубави зборови за персоналот на клиниката, и ги нарече вработените „надлуѓе, посветени експерти“.

„Мојот уважен колега Ѓорѓе Балашевиќ ја немаше таа среќа навреме да го преземат лекарите, а многу луѓе кои до вчера биле здрави и прави, се борат за живот. Затоа, не можам со полно срце да се радувам што го победив овој е*ен вирус, за кој долго не можев ни да верувам дека всушност е – исклучително подмолен и опасен,“ рече Рамбо, кој објави видеопоздрав до своите фанови.

„Исто така, и вие немојте да се опуштате, без оглед на тоа дали сте млади, здрави, спортисти, дали некој во вашата околина го прележал вирусот или не. Додека не се вакцинира преку 50 отсто од населението, никој не е безбеден,“ вели популарниот музичар.

Тој апелира до луѓето да се придржуваат кон заштитните мерки, да носат маски и да мијат раце.

„Доме, слатки доме. Шоуто мора да продолжи,“ им порача Рамбо на фановите.

На почеток
error: