Музичката суперѕвезда Ријана вчера, во нејзиниот роден град Бриџтаун, како дел од прославата на националниот празник на Република Барбадос, беше прогласена за национална хероина на оваа островска држава на Карибите.
Пред собраниот народ, премиерката Мија Мотли ѝ ја честиташе титулата национална хероина на Барбадос на 33-годишната Ријана.
– Да продолжиш да сјаеш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со твоите дела и постапки!, рече Мотли, осврнувајќи се на нејзиниот хит „Diamonds“ од 2012 година.