Принцот Чарлс (71) кој неодамна посети еден дистрибутивен центар во Бристол, остана заледен кога еден работник кој сакаше да поразговара со него се струполи на земја.
Чарлс застана да поразговара со работникот кој беше дел од екипата за пречек, кога наеднаш на човекот му се слоши, па така тој се заклати и се струполи на земја пред принцот.
Шокиран и збунет, Чарлс не стигна ниту да изреагира. Еден момент подоцна тој ја испружи раката кон човекот, кој веќе беше на подот.
Официјално не е познато што му се случило на човекот кој се онесвестил, но по некој момент тој повторно застана на нозе и поразговара со принцот Чарлс.
Во видеото звукот не е целосно јасен, но најверојатно човекот му вели на принцот дека му се слошило од возбуда.
Thankfully he recovered quickly!
Highly unusual moment as a supermarket worker faints when meeting Prince Charles!#PrinceCharles #Bristol #RoyalFamily pic.twitter.com/mEGdTSGNv8
— The Royal Family Channel (@RoyalFamilyITNP) July 9, 2020