#ФАЦИ
(ВИДЕО) Сара Мејс и „Ај Кју“ преработија песна од „Макфест“
Сара Мејс и „Ај кју“ ја промовираа песната „Трепет“ за која снимија спот пред Марија и Бојан да се преселат во Англија. Песната пред неколку години на „Макфест“ ја испеа Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Овој пат, идејата песната да се преработи и да биде дует со Сара ја добил Бојан, а тие заедно ја отсвиреа на Skopje Unplugged 2020.
Песната е снимана во студиото „Подрумот“, а видеото го направи Кристијан Шемко, во селото Бојанчиште.