#ФАЦИ

(ВИДЕО) Сара Мејс за ќерката Илина: Со Диме со ножички и ги сечевме алиштата за да не ја повредиме при преслекување

Објавено на

Пејачката и харфистка Сара Мејс за кратко време промовираше две песни, а настапи и на концертот по повод Светскиот ден на харфата, кој се одржа на 20 октомври. Не крие колку е возбудена што ја претставуваше Македонија на ваков музички настан, особено што идејата за концертот дошла од Александар Болдачев, за Сара најдобриот харфист на светот.

„Ако некој види што сум објавила на ‘Фејсбук’ пред десет годни, ќе види дека секој втор ден ставав видеа од Болдачев“, вели Сара, која свири харфа од 15 години.

Нејзините родители во тоа време немале пари да ѝ купат харфа, инструмент кој е многу скап, па таа секојдневно вежбала на училиште. Но, кога пред две години ја роди ќерката Илина, музиката веќе не ѝ е на прво место.

„Сега сè се врти околу Илина, чие име го избрав јас, а му се допадна и на Димитар затоа што е традиционално. Ако имаме и второ дете, најверојатно пак ќе носи традиционално, а не модерно име“, раскажа Сара за „Репортер“. И додава дека поради ќерката, таа и сопругот направиле големи промени во животот, а Димитар дури го продал и моторот.

Не беше лесно да се гледа дете. Особено кога таа ќе почнеше да плаче, а Сара и Диме не знаеле што ѝ е.

„Кога Илина плачеше, плачевме и ние, па со ножички ги сечевме алиштата за да ја облечеме оти ни беше страв да не ја повредиме“, раскажува низ смеа Мејс.

Призна дека е сменета многу од тинејџерските години, па колку и во јавноста да изгледа поинаку, таа сега сака да готви, да ја постави масата и да чека Димитар и Илина да се вратат дома за да ручаат како семејство. „Заедно растеме и созреваме“.

Трендинг

Exit mobile version