Медиасет.мк

#КИНО

(ВИДЕО) Снимањето на „Бетмен“ продолжува

На почетокот на септември, од продуцентската куќа „Ворнер Брос“ потврдија дека снимањето на нивниот најголем проект најавен за следната година, „Бетмен“ засега е запрено, затоа што еден член на актерската екипа бил заразен со коронавирус.

Иако не беше потврдено, се зборуваше дека станува збор за актерот Роберт Патинсон (34). Снимањето во Хертфордшир, Англија, беше паузирано, а сега сè се враќа во „нормала“ и сцените повторно почнаа да се снимаат, потврдија од „Ворнер Брос“, пишуваат странските медиуми.

Тоа не е прв пат снимањето да мора да се прекине. Тие го сторија и поради пандемијата на коронавирусот во март. Сега сите се вратиле на работа, а извори блиски до актерската екипа тврдат дека остануваат само неколку сцени кои сè уште не се снимени.

„Бетмен“ во дистрибуција на Блиц, треба да се појави во киносалите во октомври 2021 година, во 3Д, 2Д и IMAX формати, но не е познато дали прекинот на снимањето поради коронавирусот на крајот ќе ги уништи нивните планови.

„Сите се надевавме дека ќе се вратиме на работата што е можно побрзо и беше ужасно што моравме да престанеме да снимаме повторно само три дена откако почнавме“,рече член на актерската екипа.

Во август, сценаристот Метсон Томлин (30) тврдеше дека сигурно нема да има одложувања, но во тоа време тој не знаеше дека тимот од сетот ќе мора да „одмори“ две недели, бидејќи некој беше позитивен на корона.

Фановите на Бетмен не беа одушевени што актерот Патинсон, sвездата на „Сага на самракот“, ќе го отелотвори стрип-јунакот, но трејлерот што излезе кон крајот на август, како што пишуваат, е мистичен и фантастичен. Овој Бетмен ќе биде најмрачниот досега, што се гледа во најавата преку музиката и снимките. Во моментов е најочекуваниот филм на годината.

Трендинг

На почеток
error: