Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Почит за Драган Вучиќ на „Макфест“ со неговиот безвременски хит „Свирете ја зајди, зајди“

Во Штип синоќа со макфестовските евргрини  почна 35-то издание на Фестивалот за музика „Макфест“. Публиката беше на растојание, но не сите носеа заштитни маски поради коронавирусот. Настапија Џина Папас Џокси, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев заедно со Виолета Арсовска и групата Интервали, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

https://www.facebook.com/jingletv.mk/videos/2761860264098043/

Организаторите на фестивалот одадоа почит и на Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката со коронавирусот. Неговото творештво, песни и ден денеска живеат, а една од нив е и победничката „Свирете ја зајади, зајди”.

Вечерва ќе се одржи втората вечер, односно, натпреварувачката вечер. Сите пејачи ќе пејат на плејбек бидејќи организаторите немаат доволно микрофони за сите натпреварувачи, а поради коронавирусот, не сакаат да дозволат сите да пеат од ист микрофон.

Трендинг

На почеток
error: