#ФОКУС
(ВИДЕО) Сред бел ден, човек се обиде да киднапира четиригодишно девојче
Драматична и вознемирувачка снимка од дрзок обид за киднапирање на дете во Јужноафриканската Република се појави деновиве на интернет. На снимката се гледа како две жени мирно седат во ресторан заедно со четиригодишно девојче, ќерка на една од жените.
Одненадеж и како од никаде, се појавува маж кој ја прескокнува оградата од терасата на ресторанот и тргнува право кон девојчето, грабнувајќи го за вратот. Настанува мешаница во која личи како човекот да се обидува да го однесе девојчето пред очите на мајката и нејзината пријателка.
За среќа, напомош на жените и малото девојче прискокнуваат други гости од ресторанот и сопственикот на локалот, кои го оттргнуваат напаѓачот од девојчето. По ова, се појави уште една снимка од фатениот напаѓач, кој е врзан од минувачите и гостите во ресторанот, во очекување на полицајците.
Полицијата го потврди инцидентот, кој се случил на 10 септември и апсењето на 24-годишниот осомничен за обидот за киднапирање, но не понуди повеќе детали. На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека станува збор за планиран напад од страна на таткото на детето, кој најмил човек за да го грабне од мајката, со која имал спор за старателството. Ваквите информации засега не се потврдени.
The man who tries to kidnap the child speak… WATCH (Video as received) https://t.co/UJTG80PvcJ pic.twitter.com/pmsXlV6pFa
— Yusuf Abramjee (@Abramjee) September 11, 2020