Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Свештеник на уникатен начин делеше благослов

Отецот Тим Пелц од Мичиген стана вистински хит на социјалните мрежи поради неговиот оригинален начин на давање благослов во време на пандемија од коронавирус.

Свештеникот ги почитуваше мерките за социјално дистанцирање, па ги испрска верниците со света вода од пластичен пиштол.

На фотографиите, објавени на страницата на парохијата на Фејсбук, се гледа дека свештеникот носи маска за лице, визир, ракавици и Библија додека ја извршува службата пред верниците кои минуваат во автомобил покрај него.

Свештеникот има и пластичен пиштол во рацете, поради што стана хит на социјалните мрежи, а тоа го потврди и неговата парохија.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: