Медиасет.мк

#ФОКУС

Француски шеф на здравствена служба: Дезинфицирајте откако ќе си заминат гостите од вашиот дом

Раководителот на француската јавна здравствена служба, Жером Соломон, изјави дека граѓаните, доколку поканат гости дома, треба да носат маски, а подоцна да го проветруваат домот и да ги дезинфицираат контактните површини.

На прес-конференција, тој ги предупреди Французите да ја почитуваат физичката дистанца кога се дружат со пријателите.

– Вирусот е се уште тука и е смртоносен, нагласи тој.

На деветтиот ден по укинувањето на карантинот, што траеше 55 дена, бројот на заразени со коронавирус во Франција дневно не се зголеми значително.

Во вторникот, коронавирус беше потврден кај 524 лица, а вкупно кај 143.427, или зголемување од 0,4 проценти, што е нешто повеќе од просекот од 0,3 проценти на ден од укинувањето на карантинот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: