Репрезентативецот на Македонија Филип Талески како што е познато ќе игра во дресот на Вардар наредната сезона, а уште пред да го облече успеа да ги налути навивачите на црвено-црните.
Филип Талески имал заедничка средба со поранешните соиграчи од Металург, Томовски, Кузмановски и Пешевски, а на неа тој ја пее песната на тимот од Автокоманда: „Металург е шампион“.
По ова видео следуваа жестоки реакции на „Комитите“, иако постои можност видеото да е направено пред Талески да потпише за Вардар.
https://www.facebook.com/1547631255453686/videos/3265052740182913/