Македонската пејачка Тамара Тодевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ говореше за тоа како целата пандемија со коронавирусот влијае на неа.
„Иако бевме и јас и децата заедно со сопругот дома во самоизолација 15 дена, можеби е чудно, но за среќа не фативме корона“ – вели Тамара во разговорот за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.
„Здравствено, но најмногу психички тоа влијаеше на сите. Психички те убива таа неизвесност, тоа чувство што ќе се случи, што ќе биде… Освен тоа многу ми недостасува близината со останатото семејство. Татко ми да речеме, не сум го видела оддамна. Ми фали да го гушнам, ми фали таа близина, но ете… таква е ситуацијата“ – вели Тамара.
Таа минатата година направи неверојатен успех, освојувајќи го осмото место на Евросонг 2019. За после само неколку месеци, да доживее стрмоглав пад во очите на македонската јавност кога при изведба ја погреши нашата химна.
Тамара повторно ја призна грешката, откривајќи на каков начин решила да ја исправи…
„Ме оцрнија буквално за цел живот. Мене кога ќе ме спомнеш во овој момент, прво што ќе те асоцира е химната, а не Евровизија каде што си победил. Се надевам дека ќе избледе со тек на време и нема да ме мразат без причина. Решив да ја истетовирам химната, и тоа баш онаа строфа која ја заборавив“, вели Тамара.