Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Тројца Кубанци еден месец преживеале на пуст остров, јаделе кокоси, школки и стаорци

Американската крајбрежна стража спасила тројца Кубанци на ненаселен остров кај Бахамите кои таму биле изгубени 33 дена. Се работи за две жени и еден маж, кои како што се наведува преживеале хранејќи се со кокоси, школки и стаорци.

„Неверојатно е што успеале да преживеат толку долго“, рекол еден од спасувачите.

Кубанците биле забележани на остров кој се наоѓа помеѓу Флорида Кис и Куба.

За време на редовната патрола, членови на хеликоптерскиот екипаж забележале дека мавтаат со импровизирани знамиња на гребенот на Ангила.

Од хеликоптерот на островот спуштиле радио, храна, вода, а дури другиот ден ги спасиле од лошите временски услови.

Како што се наведува, не биле повредени, но биле пренесени во медицински центар на Флорида за комплетен преглед.

Таму било утврдено дека дехидрирале и покажувале знаци на замор, но биле во одлична состојба со оглед на тоа колку долго биле препуштени сами на себе.

Тројцата Кубанци им рекле на припадниците на крајбрежната стража дека пред пет недели нивниот брод потонал во бурното море и дека сами допливале до островот. Други детали за престојот на пустиот остров не се познати.

фото: Твитер

Трендинг

На почеток
error: