#ТРЕНД

Вива Италија! Лејди Гага фрлаше лалиња кон римските фанови

Објавено на


Лејди Гага минатиот викенд го заврши снимањето на филмот The House of Gucci („Куќата Гучи“) во режија на Ридли Скот, а по напуштањето на хотелот во кој престојуваше неколку месеци, таа со необичен гест ги поздрави и воедно се збогуваше од нејзините римски фанови насобрани пред хотелот.

Облечена во креација што ја сигнализира драмата од италијанската висока мода, држејќи снопови со пролетни лалиња, насолзената Гага, која ја глуми Сињора Гучи во претстојниот филм, елегантно со една рака во розова оперска ракавица ги расфрли цвеќињата на калдрмата.

Со блејзер Sportmax, свилена шамија Chanel околу вратот, и со модни додатоци на Christian Lacroix, чизми и чанта на Valentino Rose, поп-ѕвездата а сега и актерка го донесе холивудскиот гламур во Рим . Вива Италија!

Папараци-фотографиите на кои Гага фрла лалиња коннасобраните  фанови станаа вирални низ целиот свет.

Во текот на последните два месеци на снимањето на модерната продукција во италијанската престолнина, трансформацијата на Гага во наследничка на Гучи се преточи во нејзина сопствената гардероба.

Гага замина за Рим во март. Таа ја потретира Патриција Реџани (Сињора Гучи), поранешната сопруга на Маурицио Гучи, која мина 18 години во затвор бидејќи во 1995 година најми платен убиец за да го убие нејзиниот поранешен сопруг.

Премиерата на филмот за скандалот од 90-тите години на минатиот век е закажана во ноември.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



Трендинг

Exit mobile version