Медиасет.мк

Медиасет

Во кои земји се произведуваат најмногу автомобили

Во светот минатата година во 39 земји се произведени 93,54 милиони автомобили и лесни комерцијални возила, а најголем светски производител е Кина со 30,16 милиони возила, објави српското здружение на увозници на возила и делови.

На второ место се САД со 10,61 милиони возила, додека Јапонија е трето со 8,93 милиони произведени возила.

Земји каде се произведени повеќе од еден милион возила се Индија, Јужна Кореја, Германија, Мексико, Шпанија, Бразил, Тајланд, Канада, Франција, Турција, Чешка, Индонезија, Словачка и Велика Британија.

Само кога станува збор за патнички возила, произведени се 67,13 милиони од нив, повторно најмногу во Кина, САД и Јапонија, а потоа следат Индија и Германија.

По нив следуваат Јужна Кореја, Шпанија, Бразил, Чешка, Индонезија, Словачка и Франција.

Една година претходно во светот беа произведени 84,83 милиони возила, во 2021 година таа бројка беше околу 80 милиони возила, во 2020 година беа произведени 77,43 милиони, а во 2019 година речиси 92 милиони возила.

Во сите европски земји во 2023 година се произведени 18,12 милиони возила, а во 2022 година околу 16,03 милиони возила.

Трендинг

На почеток
error: