Медиасет.мк

#ФОКУС

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Активистка од Скопје тврди дека татко ѝ ја тепал со цел да ја убие, полицијата не го гони за семејно насилство

Активистката Моника Ристеска-Конопова која минатата година заврши во затвор бидејќи јавно пушеше марихуана, вчера била натепана од нејзиниот татко во семејната куќа во скопски Даме Груев. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од неа на кои се гледаат расекотини на лицето, крв и тешки повреди.

„Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“, напиша Моника под фотографиите кои се јавно објавени на социјалните мрежи.

Подоцна, таа завршила во болница, каде денес ќе и бидат направени операции според нејзините тврдења.

https://twitter.com/MoniqueKonopova/status/1265395473101328384

Полицијата постапила на терен и го уапсиле нејзиниот татко, кој 24 часа е во станица. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека таткото на активистката Ристеска ќе се гони за делото телесна повреда.

„Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“, соопшти министерот Чулев.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: