Медиасет.мк

Медиасет

Вратена гитарата на Пол Макартни по 50 години

Бас гитарата Хофнер му е вратена на Пол Макартни повеќе од 50 години откако беше украдена, а германскиот производител Хофнер ја потврди автентичноста на гитарата.

Потрагата по гитарата беше покрената од проектот Lost Bass минатата година, а во вторникот студентот Руајдри Гост сподели фотографија од инструментот на платформата X. Тој тврдеше дека ја наследил гитарата и дека му била вратена на Макартни.

Гитарата Хофнер во форма на виолина исчезна во времето кога Битлси се распаднаа, но сега повторно се појави по глобална потрага, објави Гардијан. Макартни ја купил гитарата во 1961 година за 30 фунти, што е еквивалентно на околу 800 фунти според денешните цени, а наводно таа му била омилена гитара.

Трендинг

На почеток
error: