Медиасет.мк

#ТРЕНД

Захарова го спореди Вучиќ со Шерон Стоун од филмот „Ниски страсти”

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на својот Фејсбук профил објави фотографија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.

-Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата бр. 2, кој и да сте. Верувајте ми!, напиша Захарова.

Српскиот претседател,  остро реагираше на овој коментар на Захарова.

-Марија Захарова најмногу говори за себе. Примитивизмот и вулгарноста зборуваат за неа, како и на оние кои тука ја поставија, рече Вучиќ.

Тој истакна дека не е во состојба да објасни нечиј примитивизам.

– Замислете, дојдов во Белата куќа, тогаш ви кажуваат – одите во Овалната соба и тоа е посебна чест. Дојден е највисокиот врв на САД, ве носат на билатерален разговор. Трамп седи во фотелја, а мене ми носат столче на кое седам спроти него. Не фантазирам ниту за ниски страсти, ниту за столчиња. Проблемите со своите соништа решавајте ги како што сакате. Седев на тоа столче за да го подигнам угледот на Србија, рече претседателот на Србија и додаде:

-Можев да стојам, исто така можев и да клекнам. Што е важно. Претпоставувам дека е важно колку болници ќе изградиме, пруги.., додаде Вучиќ.

Објавата на Фејсбук наиде на остри критики и осуда од српските функционери, па Захарова се извини и кажа дека е погрешно протолкувана.

– Се извинувам, но мојот пост е погрешно протолкуван! Единствено што сакав да кажам е несогласувањето со арогантниот став на „исклучителните“. Триковите на протоколот станаа еден од пристапите кои американските власти редовно ги користат за вештачки да создадат визија за сопствената важност. А тоа е неприфатливо-нагласи Захарова која извинувањето го објави повторно со истата фотографија.

Трендинг

На почеток
error: