#ФОКУС
Запленетите 4 и пол тони путер со изминат рок утре ќе бидат уништени на Дрисла
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека запленетиот увозен путер со изминат рок, во количина од скоро 4,5 тони, утре ќе биде уништен на депонијата Дрисла.
„Изминативе две недели АХВ спроведе акција за контрола на млечни производи од увоз во млекарницата ‘Евро Млекара ДООЕЛ’, Скопје. Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година“, информираат од Агенцијата.
Од таму додаваат дека производот е повлечен бидејќи е утврдено оти рокот на декларацијата (13.02.2021 година), не соодвествува со увознатна документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година.
„При дополнителни контроли во истата млекарница и кај дел од дистрибутерите запленети се нови количества на путер со изминат рок на употреба, со што вкупната количина на запленет увозен путер, достигна скоро 4,5 тони“, велат од АХВ.
Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, вчера побара целосна истрага и одговорност за запленетиот путер со поминат рок.
Фото: PRTSC Љупчо Николовски