Медиасет.мк

#КИНО

Завршува шоуто „Keeping Up with the Kardashians“

Реалното шоу „Кардашијанови“ (Keeping Up with the Kardashians) ќе заврши по претстојната, 20-та сезона, односно наредната 2021 година.

Семејството тоа го соопшти на Инстаграм.

„Со тешко срце мора да се збогуваме со шоуто ‘Кардашијанови’. По 14 години, т.е. 20 сезони, стотици епизоди и неколку спин-оф емисии, решивме како семејство да го завршиме ова толку специјално патување. Ние сме премногу благодарни на сите вас што нè следевте сиве овие години – низ добрите и лошите времиња, среќата, солзите и многуте врски и деца. Засекогаш ќе ги имаме прекрасните спомени и оние безброј луѓе што ги сретнавме на ова патешествие“, стои во известувањето.

Во објавата, Ким ѝ се заблагодарува и на телевизијата E!, која го емитуваше нивното шоу, и на продуцентите.

Во последниве неколку години, на повеќе членови од кланот Кардашијан-Џенер им пречеше шоуто, особено на Кортни. Истовремено, Ким имаше навистина турбулентна година со менталното здравје на сопругот Канје и неговата желба да се кандидира за претседател – работи кои предизвикале бројни проблеми во нивниот брак.

Во шоуто беа прикажани некои од најважните настани од животот на Кардашијанс, како венчавката на Ким со Крис, а потоа со Канје, нејзиниот грабеж во Париз, разделбата на Клои и Ламар Одом, како и транзицијата на Брус во Кејтлин Џенер.

Реалното шоу започна со прикажување 2007 година. Благодарение нему, меѓу другото, супермоделките, и подоцна инфлуенсерки – Ким и Клои Кардашијан, Кајли Џенер, но и другите, заработија милијарди долари.

Трендинг

На почеток
error: