Медиасет.мк

#ТРЕНД

Марија Шерифовиќ со брутална клетва до судијката што ,,настрада” од Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ беше исфрлен од турнирот откако ја удри топката преку рамото на крајот од првиот сет од осминафиналето против Шпанецот Пабло Карен Буста, со резултат 6: 5 за противникот.

Топката отскокна и ја погоди линиската судијка Лорен Кларк во грлото. Иако ударот не беше премногу силен, Кларк падна и почна да се гуши. Ѓоковиќ веднаш истрча и и помогна на судијката, но правилата се јасни. Поради тој потег, тој беше исфрлен од турнирот.

Фановите на Новак и српските медиуми ги нападнаа организаторите. Тие велат дека ова е организирана завера против најдобриот играч на светот, и тврдат дека ова било само повод за исфрлање на Ѓоковиќ и дека никогаш немало да им се случи нешто слично на Надал или Федерер.

Бесен коментар испрати и Марија Шерифовиќ. Таа ја почести Лора Кларк со брутално колнење, алудирајќи на нејзината театралност за време на инцидентот.

„Лора, ти си многу симпатична, но да ти е..м матер“, напиша Шерифовиќ на Твитер.

Трендинг

На почеток
error: