#ФАЦИ
(ФОТО) Жељко Самарџиќ отворено и напиша на Калиопи што мисли за неа
Калиопи важи за добра пријателка на еден од најпознатите српски поп-пејачи, Жељко Самарџиќ. Неодамна додека Жељко се возеше на брод, во позадина течеше песната „Црно и бело“ од нашата пејачка и Самарџиќ и прати поздрав на Опи: „Чао, мила моја“, се обрати пејачот на пејачката.
Овој момент Калиопи го сподели на својот „Инстаграм“, а во описот напиша:
„Овој голем господин, со големо срце и глас, а мој голем пријател со овој поздрав ми го разубави денот, животот…И како човек да не биде среќен кога има вакви пријатели. Корона? Што? Молим?. Те сакам“ напиша пејачката во описот.
Под објавата веднаш следеше и одговор од Жељко кој напиша: „Јас тебе те сакам многу“.
Популарната Калиопи пред два дена на својот профилна Инстаграм сподели фотографија од себе и притоа остави интересен коментар во кој што вели:
За кого постојам и кому јас му требам,за да верувам, од ова небо не се бега. За кого постојам, би сакала да знам,за кого сето мое минато,и не е само лага…
Со реакција на објавата се јави познатиот пејач Жељко Самарџиќ кој и остави три стикери во вид на срце, детелина и цвеќе