Хероината од Медена земја, прекрасната Атиџе Муратова денеска полни 57 години. Таа овој ден го прослави со нејзината пријателка Сузана Турунџиева во познато кафуле. Замисли желба и дуваше свеќи.
„Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба во Light caffe, а утре продолжуваме… Ќе видите каде. Среќен 57ми роденден мила Атиџе!“, напиша нејзината пријателка, Сузана Турунџиева.