Медиасет.мк

#ФАЦИ

Се разведува ексдиректорот на АЕК: Се оладила поради тоа што не сум директор и не можам да и ги исполнувам желбите

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, објави дека се разведува од неговата сопруга, која ја нарекува „фотошоп барбика“, Агнеса Орданоска. Тој обзнани дека разводот го бара неговата сопруга, со образложение, како што кажа, дека тој не е повеќе директор, а со тоа не е ни во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“, напиша Орданоски.

Трендинг

На почеток
error: