Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Некои работи, треба да се пофалат

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен, денеска, во Кабинетот на претседателот, подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“.

Претседателот Пендаровски ја поздрави благородната мисија на „Ретвитни оброк“ во обезбедување храна за граѓани во социјален ризик, притоа охрабрувајќи ги сите институции, компании, организации и поединци, согласно своите можности и ресурси, а во духот на нашето солидарно општество, активно да се вклучат во споделувањето грижа со оние на кои тоа им е најпотребно.

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, која и претходно беше дел од оваа хумана активност, ја нагласи својата лична заложба за промовирање солидарност и пружање помош на најранливите категории граѓани и истакна дека тоа е особено неопходно во овој период на низа социо-економски предизвици наметнати од ковид-19. Во тој контекст, Ѓоргиевска рече дека сечиј, дури и најмал придонес, е крупен чекор во заедничката борба против егзистенцијалната неизвесност со којашто се соочуваат наши сограѓани.

Трендинг

На почеток
error: