Медиасет.мк

#ФАЦИ

16 играчи на ракометниот клуб на Кире Лазаров позитивни на коронавирус

Шеснаесет играчи на ракометниот клуб на Кире Лазаров „КЛ7“ и двајца на „Радовиш“ се позитивни на коронавирус. Од клубот  соопштија дека кај дел од ракометарите се појавиле симптомите по мечот од второто коло на македонската Суперлига против Радовиш.

„Ја информираме јавноста и надлежните институции дека по натпреварот во Радовиш кај играчите се појавија симптоми карактеристични на вирусот Ковид-19, покачена температура, губење на вкус и мирис, направивме тестирање и кај своите вработени. Тестовите покажаа дека 16 лица се позитивни на Ковид-19. Според прописите, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови“, се вели во известувањето на клубот.

Трендинг

На почеток
error: