Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

(+18 ФОТО) Маж на околу 30 години прободел куче со нож во Карпош

“ВНИМАНИЕ! ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ!🚨

И ете ужасен случај и во Карпош 1! Запознајте го Шарко. Маалското најмирно и мило кутре кое живее во хармонија и кохезија со сите останати животни и луѓе. Потстанар во Карпош 1 со години кој ни на мравка не гази. Шарко денес беше брутално нападнат со нож!!! Делото се случило околу 18 часот попладне, кога активист и љубител на животни за цела среќа го забележала веднаш. По гласниот врисок и брзата реакција сторителот веднаш побегнал. Кучето продолжи да цивка и бега избезумено. Веднаш се собра група на љубители од маалото и повикаа ветеринар. Благодарност до сите инволвирани за брзата реакција и интервенција! Раната е санирана, исчистена и зашиена.

Моментално Шарко е на безбедно и се опоравува.

ПОВИК ДО СИТЕ МААЛСКИ ЖИТЕЛИ НА КАРПОШ:

Човекот е околу 30тина години, изразито темна коса, слаб, носел шорцеви и тегет маичка. Избегал од местото околу 17:45 во насока кон Полициска Карпош. Доколку некој го забележал или познава личност кој е спроти благосостојбата на животните од овој опис, ве молиме контактирајте не веднаш!

Пазете се луѓе, психопат со нож се шета на сред бел ден низ мирната населба Карпош!

П.С. Настанот е пријавен во полиција.

Споделете“, објавија од здружението Шепасти ентузијасти.

Вознемирувачки фотографии тука.

На почеток
error: