Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

ФОТО: Викторија Лоба ве повикува да вдомите прекрасно маче!

„Вчера бев среќна, денес затоа нов проблем…Мачево беше вдомено, но се откажаа. Постирав вчера кога дознав дека пак бара дом со слики кои ги имам и од претходно. Проблемот е што ми беше потврдено дека иако нема да биде задржан, сепак ќе биде обезбедено сместувањето додека се ре-вдоми но не остана ни на тоа и денес ми го донесоа.❗️Јас дома го ставив во вц без прозор кое е само 2м зашто имам многу хронично болни мачки со стоматит, кои имаат и пренослива giardia.❗️🥵 Катче друго, освен вц то мое за жал НЕМАМ, за да го одделам од нив да не се испозарази.🥺😣Немам буквално никакви услови ни привремено да го почувам“, се вели во апелот споделен од Ива Зафировска, а респоделен од пејачката Викторија Лоба.

„🐾💙Жал ми е за сонцето, има само 3ипол месеци, сладок е и многу мил, заслужува да биде нечие галче и љубовче. Го спасив од хауба на кола, беше слаб и болен, оздраве, беше во 2 сместувања и стварно веќе нејќам никој да го врати, не е играчка и плишано маче. 🌱За пансион немам средства, се што имам и немам е распределено едвај + должам за дел од тие 60 + животни кои се на терапија, на улица, дома, во пансиони. 🐾🍀Потребене  дом🏡, Привремено сместување или пак некој саглам активист или здружение да помогне и ја преземе грижата за него додека се вдоми.😇Помош!🆘“, се додава во апелот.

https://www.facebook.com/VictoriaLoba/posts/10220241307175574

Трендинг

На почеток
error: