Голема огнена кугла го осветли небото над канадската покраина Алберта. Населението кое живее таму, а кое ја забележало чудната појава на небото, било зачудено, пишуваат медиумите.
Експертите велат дека нема причина за никаква грижа, објаснувајќи дека се работи за исклучителен сјаен метеор. Безбедносните и другите камери на подрачјето на Калгари, забележале невообичана светлина на небото околу 6 и 30 часот во понеделникот утрото.
На настанот просведочиле и жителите од Едмонтон и Саскачеван. Американското друштво за метеори објави видео снимки од огнената кугла, објаснувајќи дека сјајниот метеор влегол во Земјината атмосфера. Засега не се знае дали делови од метеорот паднале на земјата.