Медиасет.мк

#ДОСИЕ

Да ја стопираме голготата на петгодишната Елеонора: Вашата помош е најпотребна!

Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест која се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни.

Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница „LIV hospital“ уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста преку третман со матични клетки. За целта да биде остварена потребни се 17.400 евра за првите третмани.

За Елеонора да може да има подобро детство и живот, потребна ни е вашата помош за семејството да може да го плати лекувањето. Со донациите, помагате таа да може повторно сама да се храни и да биде дете како сите останати, а со надеж дека и повторно ќе застане сама на нозе.

Доколку сте во можност, вашиот придонес можете да го дадете преку телефонските броеви:

За корисници на Телеком: 143138

За корисници на A1:  143480

Трансакциската сметка во Тутунска банка на име Сања Тодоровска: 210501555959395

Донирате, за малиот борец да ја добие големата битка со болеста! Секој ден е од исклучителна важност за да заедно го стопираме прогресирањето на болеста и да помогнеме за подобрување на здравствената состојба.

На почеток
error: