Македонката која го освои жирито во бугарската вeрзија на шоуто за таленти The Voice, Калина Велковска – Кали, вечерва заедно со својот бенд Musaiq ќе одржи концерт кај Млечен.
Во 18 часот е настапот на групата Funk Shui кај Млечен, а веднаш потоа следи вечерниот концерт на бендот Musaiq со почеток во 20 часот.
Концертот е дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје како подрршка за културните работници.
Во бендот MusaIQ членуваат Калина Велковска – вокал , Петар Лукиќ – клавијатура, Иван Петровски – гитара, Никола Бочваров – бас и Александар Ванчовски – тапани.
Настанот ќе може да се следи во живо на Фејсбук страницата на Град Скопје.