Placebo ја откажаа овогодинешната турнеја. Концертот кој беше закажан за 25 јуни на стадионот на АРМ во Скопје сепак нема да се случи.
„Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември.
Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.
Во оваа прилика Авалон Продукција им се заблагодарува на сите ticket keeper-и, не само за концертот на PLACEBO, туку и за сите други концерти коишто ги имаме закажано, а ги имаме прераспоредено со нови датуми, затоа што со овој ваш гест ѝ помагате на музичката лајв индустрија, која во моментиов не постои, што побрзо да се врати во живот“, велат од Авалон Продукција.